Баерн Минхен убедливо со 5:1 го победи Јалпциг во меч кој требаше да биде дерби во Бундеслигата, а по завршување на средбата немаше многу причини за славје кај тренерот Висент Компани.
Не е дека Компани имаше забелешки на своите фудбалери, но тренерот потсети дека во Германија се случи една трагедија, односно напад во кој напаѓач со автомобил влета во група луѓе додека биле на божиќен панаѓур во Магдебург. Во нападот има многу повредени, но и загинати.
„Едноставно невозможно е да зборувам за фудбалот вечерва. Луѓето кои настрадаа во Магдебург се во нашите мисли. Се надевам дека во еден момент ќе имаме мир не само во цела Германија, туку во целиот свет. Ние победивме на овој меч, но се надевам дека во слендата година ќе имаме многу повеќе победи на мирот“, рече Компани.
Од Баерн Минхен планираа по мечот со Лајпциг да направат божиќна прослава, но откако се случи трагедијата во Магдебург, наместо прослава, се случи комеморација во чест на жртвите во тој напад.
FC Bayern commemorates victims of the Magdeburg attack
The originally planned Christmas ceremony following the game against Leipzig was cancelled.
“This ceremony should be a happy one – and that is not appropriate. I would like to ask you to remember the relatives,” said CEO… pic.twitter.com/oU12f3kdJc
— FC Bayern (@FCBayernEN) December 20, 2024