Баерн го откри и третиот нов играч за следната сезона

Германскиот, еврпскиот и светски првак Баерн Минхен го договори и третиот нов играч за новата сезона. Откако го потврди трансферите на Дајот Упамекано од Лајпциг и талентираниот Англичанец Омар Ричардс, трет на листата е Емилијан Мету.

Се работи за перспективен фудбалер роден 2003 година кој досега го носеше дресот на австрискиот тим Сент Полтен. Договорот со Баерн е потпишан до јуни 2025 година, а првично ќе игра за резервите на баварскиот гигант. Централниот играч за врска кој има само 18 години, веќе беше на проба во Баерн Минхен и ги воодушеви тренерите.

Мету до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Сент Полтен, а потоа ќе се пресели во Минхен каде треба да престојува во следните четири сезони.

 

- Оглас -

Најнови вести