Баерн го продаде Вагнер во Кина

Сандро Вагнер го раскина договорот со Баерн Минхен и се пресели во редовите на кинескиот клуб Тијанџин ТЕДА. Германскиот фудбалер побарал од „баварците“ да го ослободат од обврските поради што не може да добие шанса во првиот тим пред Левандовски, па кариерата ќе ја продолжи во кинеската Суперлига каде што ќе заработува пет милиони евра по сезона во следните две години.

Вагнер во претходниот зимски преоден рок пристигна во Баерн за 13 милиони евра од редовите на Хофенхајм, јасно беше дека е доведен за да се зголеми конкуренцијата во нападот во тимот, но полскиот „бомбардер“ е незаменлив на позицијата „9-ка“. Вагнер сезонава само еднаш стартуваше меч од првата минута и ниту еднаш не ја затресе мрежата сезонава кога и да добиваше шанса од клупата.

„Сандро сам дојде кај мене и побара да ја прекинеме соработката поради тоа што сака да игра повеќе. Јасно му беше дека минутажа во Баерн не може да добие тукутака, а воедно доби и атрактивна понуда од Кина и сакаше да ја искористи приликата. Му благодариме за неговиот придонес и му посакуваме успех во иднина“, истакна спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести