Баерн Минхен нема да го откупи договорот на Иван Перишиќ по крајот на сезоната како што беше договорот, туку ќе го врати назад Хрватот во Интер. Перишиќ дојде на позамијца на „Алијанц арена“ каде што ќе остане уште само шест месеци, а потоа ќе се врати во матичниот клуб.
Баерн планира одново да се обиде да го ангажира германскиот репрезентативец Лирој Сане, крилото на Манчестер сити исто така има желба да игра за Баварците. Средствата ќе се чуваат за негов ангажман, па затоа Перишиќ ја плаќа сметката.
Хрватот запиша вкупно 19 настапи сезонава во сите натпреварувања на кои имаше солиден учинок од четири погодоци и шест асистенции. Сепак, учинокот не му гарантира место во тимот, а најверојатно ниту во Интер нема да се задржи откако ќе му заврши позајмицата, бидејќи не е во плановите на тренерот Конте.