5.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Баерн и 19-та година по ред ќе победи во Бремен

1805 Вердер – Баерн М. (15.30 часот)

Баварците се големи фаворити против тимот кој се бори за опстанок во Бундеслигата и има серија од 11 меча по ред без победа. Баерн се истакнува со ефикасност, има 79 голови на 21 средби што е просек од речиси четири по меч. Олисе е суспендиран и нема да игра, но Баерн има многу широк ростер и тоа отсуство не би требало да биде преголем хендикеп. И традицијата е на страна на Баерн, Баварците како гости победиле на сите последни 18 гостувања во Бремен. Вердер дома 20 години не победил против Баерн.

Предлог тип: 2 & 3-5 (2.14)

 

3003 Лацио – Аталанта (18.00 часот)

Овие два тима се еден до друг на табелата во Серија А, но Аталанта има шест бодови повеќе. Лацио игра многу променливо, истото важи донекаде и за Божицата. Ромањоли, Ѕакањи и Педро ќе ги нема кај Орлите, а Аталанта е без Де Кетеларе. Лацијалите се во славеничко расположение откако се пласираа во полуфиналето на Купот, а и Аталанта ќе игра полуфинале. Последните три меѓусебни дуели на Лацио и Аталанта беа со 0-2 гола, есеноска во Бергамо беше 0-0.

Предлог тип: Х било кога (1.75)

 

1124 Астон вила – Њукасл (18.45 часот)

Ова е дерби на 16-финалето во ФА купот на Англија, играат два тима кои сезонава се дел и од Лигата на шампионите. Секако Астон вила е фаворит поради подобрта форма во Премиер лигата и домашниот терен, а имаат и тренер кој е експерт за нокаут дуели. Њукасл со победата над Тотенхем во Лондон пред четири дена имаше успешна генерална проба. Вила пред три недели го победи Њукасл со 2-0 во лигашки меч и тоа на гости, но во август на „Вила парк“ беше 0-0.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

3009 Интер – Јувентус (20.45 часот)

Интер во мега дербито на Серија А влегува како лидер на табелата и фаворит е, иако на вкви пресметки никогаш со сигурност не знаете однапред што може да се случи, важен фактор е и мотивацијата. Јуве е четврти, има само еден пораз во последните десет кола. Нападот на Старата дама е отапен без Влаховиќ и Милик. Во септември во Торино беше спектакл, со 4-3 победи Јувентус и тоа е еден од двата порази на Интер сезонава во првенството, а последниот нивен дуел со Милано заврши со друга голеада, 4-4.

Предлог тип: & 3+ (2.90)

 

1406 Реал М. – Р. Сосиедад (21.00 часот)

Реал Мадрид со победа на овој меч привремно би го преземал првото место во Ла Лига, но задачата нема да им биде едноставна, Сосиедад нема пораз во 2026 година и освои дури 13 бодови во последните пет кола. Мадриѓаните се тим со најмалку примени голови и немаат ниедно реми дома. Сосиедад има само две победи на 11 гостувања. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи. Реал Мадрид имаше неколку дена плус за подготовка, но Сосиедад е во ритам, славеше и во средата во Билбао во полуфиналето на Купот.

Предлог тип: 1-2 I & 1-3 II (2.11)

 

- Оглас -

Најнови вести