21.8 C
Skopje
сабота, 30 август 2025

Баерн и Челзи се договорија: Николас Џексон како позајмен ќе го облече дресот на „баварците“

Баерн Минхен и Челзи конечно постигнаа договор. Николас Џексон оваа сезона ќе го носи дресот на „баварците“ како позајмен фудбалер, а Баерн Минхен за тоа ќе им исплати на „сините“ 15 милиони евра.

„Баварците“ ќе имаат право и да го откупат неговиот договор следното лето за 80 милиони евра, но овој услов не е задолжителен.

Сенегалскиот репрезентативец има важечки договор со Челзи до 2033 година, а на „Стемфорд Бриџ“ пристигна пред две години за 37 милиони евра од Виљареал.

 

- Оглас -

Најнови вести