Баерн Минхен и Реал Мадрид убедливо ќе победат

Сасуоло – Парма (15 ч.)

Дуел на две екипи кои едноставно уживаат да се натпреваруваат да дадат гол повеќе од противникот. Токму затоа на нивното конто имаат 30+ и дадени и примени голови. На 11-те мечеви на кои Сасуоло сезонава е домаќин имало вкупно 46 гола, односно повече од 4 погодоци во просек на средба.

Парма на гости игра многу непредвидливо, па затоа најдобра варијанта за овој меч е да се игра на погодоци.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.04)

 

Келн – Баерн Минхен (15:30 ч.)

Ако сака да ја врати челната позиција во Бундес лигата, Баерн Минхен ќе мора да победи на ова гостување. Дуелите против Келн се како резервирани за радост на баварскиот гигант, затоа што на последните 11 меча, Баерн се радувал дури 10 пати, а само еднаш Келн успеал да одигра нерешено.

Фактот дека Баерн игра премногу офанзивно, а Келн ја има една од најслабите одбрани е најава за победа на гостите во меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: 2 & 4+ (1.91)

 

Реал Мадрид – Селта Виго (21 ч.)

Нема дилема дека домаќинот е голем фаворит. На 12 од последните 13 мечеви на овие два клуба, Реал Мадрид дава барем по два гола на меч. Дека секогаш играат ефикасно и возбудливо покажува и фактот дека од тие последни 13 средби, дури 10 пати било гол-гол ситуација, односно и Селта погодувала.

Реал во последно време се обидува да ја зацврсти одбраната, но Селта е тим кој знае да погоди. Сепак Кралевите се апсолутни фаворити.

Предлог тип: 1-1 (1.80)

 

Арсенал – Њукасл (17:30 ч.)

Тоа што е карактеристично за овие два тима е дека и двата одиграа четири пати нерешено на последните пет дуели. Сепак, ако се работи за меѓусебните натпревари, „иксот“ не бил опција на последните 14 меча, односно од август 2011 година, кога немало погодоци.

Двата тима имаат и по 31 бодови досега, а единствената предност која треба да е на страната на Арсенал е домашниот терен. Ако се знае дека повеќе од една деценија не одиграле без погодоци, тоа е најдобриот начин да се одигра овој пар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

Цволе – Феенорд (16:30 ч.)

Феенорд е тимот кој е во најдобра форма во моментов во холандското првенство и е единствен со пет победи во последните пет средби. Цволе е тим кој ќе се бори за опстанок, а дома има солиден биланс од 4 победи, исто толку порази и две нерешени.

Името на гостинот, формата и фактот дека тимот од Ротердам се бори за излез во Европа, е доволно за да се одигра двојка.

Предлог тип: 2 (1.78)

 

- Оглас -

Најнови вести