Баерн ѝ „украде“ фудбалер на Борусија, и тоа без обесштетување (Фото)

Рафаел Гереиро по седум години минати во Дортмунд, ја напушта Борусија и кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Неговиот договор со „милионерите“ истече со крајот на сезоната и тој како слободен фудбалер ќе продолжи на „Алијанц арената“.

„Кога ми се јави мојот поранешен тренер Томас Тухел, воопшто не размислував. Ми беше многу важно што токму тој ми се јави и ми кажа дека ме сака во Баерн. Тоа беше причината што брзо одлучив дека доаѓам тука“, рече Гереиро при потписот на договорот со Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести