Водството на Баерн Минхен од 6-0 на дуелот со новозеландски Окленд сити ќе ја освести ФИФА дека можеби е потребен нов начин на пополнување на учесниците на клупскиот Мундијал.
На никого не му оди во прилог вакви разлики во квалитет, но големиот број учесници носи и вакви работи.
Од друга страна, има такви кои мислат дека на СКП мора да има тим и од Океанија, макар биле и аматерите од Нов Зеланд кои се доминатни во тој дел од светот.
Да се примат 6 гола од Баерн не е ништо чудно, Баварците минатата сезона во Лигата на шампионите ја почнаа со 9 гола во мрежата на Динамо Загреб, пред пет години дадоа 8 гола против Барселона на Меси во четвртфинале на ЛШ.