14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Баерн има 16 победи во 16 меча, а тренерот Компани е претпазлив: Никој не освоил трофеј во ноември

Баерн Минхен продолжува со победничката бајка сезонава. Германскиот гигант има 16 меча во сите натпреварувања и забележа 16 победи, што е рекорден старт во историјата на Баварците. Како потврда за феноменалната форма, Баерн синоќа во Париз, на „Паркот на принцовите“ го победи актуелниот европски првак Пари Сен Жермен со 2:1.

Тренерот на Баерн, Венсан Компани е задоволен, но е претпазлив, потенцирајќи дека сепак ова е почеток на сезоната и дека има уште многу да се игра за да се освојат трофеите.

„Освоивме три бода и тоа е добро. Сепак, никој не освоил трофеј во ноември. Знаевме дека може да победиме во Париз. Мора да останеме смирени, да ја задржиме самодовербата“, рече Компани по победата во Париз.

За разлика од предводникот на Баерн Минхен, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше разочаран, посебно поради фактот дека неговиот тим примил голови поради почетнички грешки.

„Секако дека Баерн Минхен беше подобар од нас во првото полувреме. Создадоа многу шанси, а ние им дадовме неколку подароци. Кога на противникот му се даваат такви подароци, нормално е тие да постигнат голови. Немам објаснување зошто игравме толку лошо во првото полувреме. Не барам оправдување, тоа е наша грешка и мора да се подобриме. Баерн Минхен можеше да постигне четири гола во првиот дел и затоа сум разочаран од тоа како одигравме во тој период“, рече Енрике.

- Оглас -

Најнови вести