Баерн има најмалку пет причини што не го купи Роналдо, скап е, стар е и не сака да трча (Фото)

Жорге Мендеш му го понудил Кристијано Роналдо на Баерн Минхен и Баварците веднаш свикале состанок на раководните структури, на кој е одбиена можноста за сезнационален трансфер на 37-годишниот Португалец во редовите на најтрофејниот германски клуб.

И според интересна објава на Твитер налогот на Баерн објавени се и пет прични зошто е добиена понудата на Мендеш за трансфер на Роналдо од Манчестер јунајтед кај германскиот гигант.

Првата е огромната годишна плата на Роналдо, кој заработува 30 милиони евра нето.

Втората ја нарекоа опасност да се наруши структурата на плати, или како што Германците велат ќе се урне хигиената на платите во екипата.

Третата се годините, Роналдо веќе има 37 и е во зенитот на кариерата, а е скап.

Четвртата е веројатно и најинтересна и вели дека Баерн сака играчи што играат пресинг, а Роналдо не е тој калибар.

И последната е што Баварците имаат млад тренер, Јулијан Нагелсман е три години помлад од Роналдо, па стравуваа дека Португалецот ќе се обиде да се издигне над тимот со статус на суперѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести