Баерн има подготвено „одмазда“ ако Ливерпул го купи Флоријан Вирц

Германскиот првак Баерн Минхен постепено работи на составување на тимот за новата сезона.

Веќе подолго време е познато дека Џонатан Тах ги договорил сите услови со клубот и наскоро сè ќе биде официјализирано, а како засилувања уште се споменуваат и Каору Митома и Еберечи Езе.

Сепак, новитетот е дека Баерн на врвот на својата листа на желби го има играчот на Ливерпул, Коди Гакпо, кој е проценет меѓу 50.000.000 и 60.000.000 евра.

Ливерпул ќе претрпи неколку промени во нападот, се очекува заминување, пред сè, на Дарвин Нуњес, а се зборува и за можната продажба на Луис Дијас. Досега не се зборуваше ништо за иднината на Коди Гакпо, кој имаше многу важна улога во освојувањето на титулата во Премиер лигата. Притоа, Арне Слот му верува на својот сонародник и со него и Луис Дијас на левото крило е спокоен.

Ова би била своевидна „одмазда“ кон Ливерпул за Флоријан Вирц, кој го одбра „Енфилд роуд“ наместо „Алијанц арената“.

Гакпо е среќен во Ливерпул, иако често игра надвор од својата природна позиција и го покрива местото на централен напаѓач. Но, Баерн Минхен ќе притиска за овој трансфер.

Оваа сезона има постигнато 18 гола и има забележано седум асистенции на 49 одиграни натпревари. Договорот на Гакпо со Ливерпул важи до 2028 година. Тој пристигна од ПСВ Ајндховен во зимата 2023 година за 42.000.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести