Баерн има проблем со нападот, спасот го бара во фудбалер од Манчестер Сити

Екипата на Баерн Минхен игра лоша сезона и има големи проблеми во нападот откако си замина нивниот најдобар стрелец, Роберт Левандовски. На негово место беше донесен Ерик Чупо-Мотиг, но се чини дека на “бараврците“ потребен им е подобар напаѓач.

Прв на листата на желби на Баерн Минхен за летниот трансфер период е 23-годишниот фудбалер на Манчестер Сити, Хулиан Алварес. Аргентинскиот репрезентативец има договор со “граѓаните“ до 2028-мата година, а според Трансфермаркет вреди 50 милиони евра.

Сепак, доколку Баерн Минхен сака да го доведе во своите редови веројатно ќе мора да го собори рекордот на Бундес лигата, кој исто така е во нивна сопственост и да плати над 80 милиони евра, колку што плати за Лукас Ернандес во 2019-тата година на Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести