23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Баерн има шест победи против Борусија Д. на последните шест меча во Минхен, Барселона влезе во победнички ритам

1806 Баерн Минхен – Борусија Д. (18.30 часот)

Ова е најголемо дерби во германскиот фудбал, популарниот Дер Класикер. Изненадувачки за германскиот фудбал, Баерн не е лидер на табелата, има десет бода помалку од Баер Леверкузен и тоа на осум кола до крајот, додека Борусија Дортмунд е четврта и со Ред Бул Лајпциг ќе води битка за позицијата на табелата која води во Лигата на шампионите.

Баварците доминираат во меѓусебните дуели во последните неколку години, а на првиот меч сезонава славеа со убедливи 4:0 на „Сигнал Идуна парк“. На „Алијанц арената“, Баерн на последните три меча славеше со интересна комбинација 1 & ГГ (4:2, 3:1, 4:2), а пред тоа имаше три убедливи победи од 4:0, 5:0 и 6:0.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.35)

 

1305 Барселона – Лас Палмас (21.00 часот)

Барселона не се откажува од титулата иако на девет кола до крајот има осум бода помалку од Реал Мадрид и вечерва мора да слави на привремениот домашен стадион „Монжуик“. Атмосферата во соблекувалната е највисоко ниво по победата над Атлетико Мадрид на „Метрополитано со 3:0. Лас Палмас пак се наоѓа на 11-тото место на табелата со обезбеден опстанок во Ла Лига, иако на последните пет меча доживеа три порази. Барселона нема пораз во досегашните меѓусебни дуели со Лас Палмас и од 2000 година само трипати не победила.

Предлог тип: 1-1 & 2-6 (2.12)

 

3005 Фиорентина – Милан (20.45 часот)

Милан се наоѓа во одлична форма, победи на сите натпревари кои ги одигра месецов, а одлична е и Фиорентина која нема пораз во март. Росонерите благодарение на серијата победи и на слабите игри на Јувентус, се искачи на второто место на табелата, додека Фиорентина е осма и заостанува четири бода помалку зад Аталанта која е на позиција која води во европските купови. На последните пет меѓусебни натпревари, екипата која била домаќин славела, а претходно Росонерите шест години не знаеја за пораз на „Артемио Франки“ и за очекување е добрата форма да ја потврдат вечерва.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.20)

 

1007 Астон вила – Вулверхамптон (18.30 часот)

Астон вила е сензација во Премиер лигата, по 29 кола се наоѓа на четвртото место на табелата оставајќи зад себе екипи како Тотенхем, Манчесер јунајтед, Челси и денеска има одлична шанса да ја прекине мини серијата од два меча без победа. Вулверхамптон пак е деветти на табелата, а прогресот се должи на трите победи во последните четири меча.
Астон вила на последните четири меча на „Вила парк“ нема победа против Вулверхамптон (последен пат славеше во 2019 година), и за очекување е оваа серија да се прекине.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.02)

 

1803 РБ Лајпциг – Мајнц (15.30 часот)

Ред Бул Лајпциг се бори со Борусија Дортмунд за четвртото место во Бундеслигата кое води во ЛШ и не смее да си дозволи кикс пред своите гледачи, посебно не против тим кој најверојатно следната сезона ќе игра во втората германска лига. Лајпциг пред репрезентативната пауза, конечно одигра ефикасен меч, со 5:1 го декласира Келн и тоа на гости и за очекување е добрата форма да ја демонстрира денеска против Мајнц кој минатата година приреди изненадување и славеше со 3:0 на „Ред Бул арена“.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.12)

- Оглас -

Најнови вести