Баерн има таен адут во трката по потписот со Осимен

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ќе добие шанса во летниот преоден рок да создаде тим по свој вкус со кој треба идната сезона да доминира во Бундеслигата и да се обиде да дојде до триумф во Лигата на шампионите и прва задача ќе му биде да најде квалитетен напаѓач.

Германските медиуми пишуваат дека Баерн налето ќе тргне по потписот со Виктор Осимен од Наполи, за кого се подготвени да платат повеќе од 100 милиони евра отштета, и имаат таен адут со кој се надеваат дека ќе ги победат останатите европски гиганти кои се заинтересирани за одличниот напаѓач.

Челниците на Баерн сметаат дека клучна улога во изборот на новиот тим на Осимен, ќе игра неговата девојка Стефани која е Германка. Според новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, Стефани сака таа и нејзиното момче од Италија да се преселат во Германија.

Освен Осимен, на листата на желби на Тухел се наоѓа и хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ од Челзи. Неговиот договор со Сините истекува идната година и Тухел се надева дека „на попуст“ ќе успее да го донесе Хрватот на „Алијанц арената“.

- Оглас -

Најнови вести