Баерн има темпирана бомба од 10 милиони евра во составот и ако не најде клуб што ќе го купи 22-годишниот Микаел Кузанс, тогаш Баварците се подготвени да му врачат и отказ со ризик да останат и зијан.
Кузанс пристигна во Баерн од Борусија Менхенгладбах како голем талент, но прави повеќе проблеми отколку што носи бенефит кај најтрофејната екипа во Германија.
Не сака да тренира, се однесува неспортски кон соиграчите, а веќе и повреди двајца од нив на тренинзите. Настрадаа Марсел Сабицер и Свен Улрих по неговите непромислени стартови, па Кузанс доби воспитна лекција од тренерот Јулијан Нагелсман.
https://twitter.com/iMiaSanMia/status/1439917029021126658?s=20
Наглесман најави дека Кузанс мора да си замине и ако не успеат да го продадат во јануари, тогаш 22-годишниот француски фудбалер ќе добие отказ и ќе може да си оди од клубот бесплатно.