Баерн нема да потоне без Алаба, ќе пазари замена кај Жолтата подморница

Давид Алаба речиси сигурно ќе биде нов член на Реал Мадрид, а Баерн Минхен веќе пикираше негова замена, интересно, во Шпанија.

Тазе репрезентативецот Пау Торес од Вилјареал е главната цел на актуелниот европски првак како замена за Алаба. Торес игра извонредно во континуитет за популарната Жолта подморница и стигна и да одигра 7 меча за шпанската репрезентација од 2019 година, кога дебитираше за Црвената фурија.

Вилјареал нема да му прави проблем на 24-годишниот дефанзивец да замине во Баерн, но само ако Баварците платат 60 милиони евра, колку што е отштетната клазула со договорот што го има Торес со шпанскиот клуб.

Конкуренција за ангажман на Торес, Баерн ќе има во неколку евролски гиганти, а меѓу заинтересираните се Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер јунајтед и Челзи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести