Квотата од 1.15 за победа на Олимпијакос над Баерн Минхен во вечерашниот меч од Евролигата доволно говори кој е фаворит во тој дуел, но похрабрите би можеле да ризикуваат и да одиграат на триумф на германскиот тим кој е во налет.
Баерн почна да игра подобро и да победува откако тренерот Светислав Пешиќ седна на клупата, тимот има шест победи по ред, од кои две во Евролигата. Ненад Димитријевиќ се израдува на победа на дебито за Баерн, неговиот соиграч Андреас Обст имаше феноменално шутерско издание и беше МВП на колото, а вечерва имаат сериозен предизвик, гостуваат во Пиреја.
Олимпијакос дома има скор 6-3, а Баерн доби само еден меч на гости во Евролигата.
Вечерва тешки гостуваат имаат и белградските Црвена ѕвезда и Партизан. Црвено-белите ќе бидат аутсајдери против Жалгирис, а Црно-белите традиционално губат од Барса и чудо би било да слават, иако тоа многу би го сакал тренерот на Партизан, Жоан Пењароја, кој во минатото ги водеше Каталонците.
Во Sport Life може да уплатите и на број на поени на 50-тина кошаркари, како и на број на асистенции, скокови, погдени тројки и направени фаули на секој од тимовите.


