Баерн испадна од ЛШ и ќе понуди 100 милиони евра за фудбалер на Реал Мадрид

Германскиот гигант Баерн Минхен доживеа елиминација од Лигата на шампионите, па веднаш тргна во реконструкција на тимот за следната сезона. Првата аквизиција би можела да пристигне од Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга се најде на списокот на засилувања на тренерот Венсан Компани за следната сезона, а баварскиот клуб е подготвен да плати дури 100 милиони евра за неговите услуги.

Според шпанскиот медиум „Дефенса Сентрал“, се работи за понуда која претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, тешко би можел да ја одбие, а се очекува сериозно да биде разгледана во наредниот период.

Иако нема гаранции дека Перес ќе ја прифати понудата, сумата и условите се доволно привлечни за трансферот да се реализира. Камавинга не успеа целосно да се наметне кај Карло Анчелоти, во првата сезона беше претежно резерва, а во втората се соочи со проблеми со повреди.

Камавинга оваа сезона има одиграно само 1800 минути во 32 настапи, а сега Реал би можел да оствари голема добивка.

Францускиот репрезентативец пристигна во Реал Мадрид летото 2021 година од Рен за 31 милион евра.

- Оглас -

Најнови вести