1.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Баерн испиша историја, Нојер во друштво на Роналдо, Милер и Касиљас

Победата на Баерн против Челзи од 3-1 остварена синоќа во Лигата на шампионите имаше повеќекратно значење.

Баварците 22 сезони по ред победуваат на првиот натпревар во ЛШ. Последен пат кога не победија на првиот меч во сезоната беше во 2002/2003 против Депортиво Ла Коруња кога загубија 2-3. Оттогаш наваму, на 22 меча имаат 22 победи и гол-разлика 63-8.

Од друга страна, не е убаво да се загуби во првото коло. Досега во историјата на ЛШ никој не станал европски првак по пораз на првиот меч во сезоната. Ако оваа традиција продолжи, светскиот клупски првак Челзи нема да стане и европски шампион.

За голманот Мануел Нојер тоа беше 100-та победа во кариерата во ЛШ. Тој стана четвртиот фудбалер во историјата со ваков јубилеј. Повеќе победи во ЛШ од него имаат само Кристијано Роналдо (115), Томас Милер (111) и Икер Касиљас (101).

- Оглас -

Најнови вести