Баерн Минхен ја забележа својата осма победа во рамките на Бундеслигата. Со ова стигна до вкупно 13 победи во исто толку натпревари оваа сезона, што претставува изедначување на рекордот ако се гледаат петте најсилни европски лиги.
Последниот тим кој успеал да стигне до 13 победи во првите 13 натпревари во сите натпреварувања од Топ 5 лигите беше Милан во сезоната 1992/93.
Баерн оваа сезона во Бундеслигата прими само четири гола, што е најмалку во лигата, а постигна дури 30, што е убедливо најмногу, девет повеќе од Ајнтрахт.
Со вакво шоу на почетокот на сезоната, Баерн изгледа навистина импресивно.

