32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Баерн ја чека следната жртва, најверојатно тоа ќе биде Манчестер сити

Манчестер сити – Лион (21ч)

По вонсериската победа на Баерн Минхен, Манчестер сити и Лион нема многу да се радуваат на пласманот во полуфиналето. Било која екипа да триумфира вечерва, ќе мора пред сè психички добро да се подготви бидејќи Баварците им влеаја страв на сите екипи кои останаа да се борат за европскиот пехар.

Како и да е, вечерва Граѓаните ќе ја оправдаат фаворитската улога за да докажат дека не случајно го елиминираа Реал Мадрид. Лион е незгоден противник, го покажа тоа против Јувентус, но се чини дека Гвардиола конечно го најде победничкиот рецепт за француските Лавови.

Сити и Лион двапати се имаат сретнато во Лигата на шампионите, во групната фаза од минатата сезона кога Лион изненади на „Етихад“ со триумф од 2-1, а на домашен терен се избори за реми од 2-2.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.70)

 

Генк – Леувен (16:30ч)

Генк тргна со триумф во новата сезона во белгиското првенство, по што целта на домаќините е да се воспостави победнички ритам од самиот почеток. Ќе играат против екипата на Леувен против која немаат претрпено пораз, односно имаат пет победи во вкупно осум меча одиграни во изминативе девет години.

Победите на домашен терен во меѓусебните дуели се со три или повеќе погодоци, па нема да биде чудо ако Генк се разигра денес и слави убедливо.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.73)

 

Фин Харпс – Бохемијанс (15ч)

Во првите седум кола од ирската Премиер лига, Бохемијанс запиша пет триумфи и два порази, од кои влегоа во серија од три победи. За денеска домаќините, се во сосема различна форма и само еднаш се радуваа на победа, а загубија во пет наврати.

Тоа наговестува дека Бохемијанс ќе ги освои бодовите од овој дуел, иако на последното гостување на Фин Харпс загуби со минимални 1-0 и има само еден триумф на гости  во меѓусебните дуели од 2008 година па наваму.

Предлог тип: 2 (1.83)

 

Риека – Шибеник (17:55ч)

Риека со нашиот Дарко Велковски посакува позитивен старт на новата сезона во хрватскиот шампионат. Во првото коло тимот на Велковски го пречекува повратникот во елитата Шибеник, по пауза од осум години повторно ќе ги одмерат силите.

Последната средба на овие две екипи која се одигра во март 2012 година заврши со реми од 2-2, но залудно е да се споредуваат минатите дуели со оглед на тоа дека помина период во кој и двата клуба се со сменети состави.

Ако се земе во предвид формата на Риека од минатата сезона која ја завршија со наредени пет победи, тогаш може да се претпостави дека ќе го добие денешниот дуел.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.77)

 

Хибернијан – Мадервел (18:30ч)

Хибернијан ќе се обиде да го одржи перфектниот старт на сезоната по три победи во исто толку кола, додека пак Мадервел го бара првиот триумф откако освоии само еден бод од три меча.

И традицијата вели дека домаќините ќе се радуваат на нови три бода, со оглед на тоа дека Мадервел нема победено на „Истер роуд“ од 2013 година. Последната меѓусебна средба заврши без голови, што не е карактеристилно кога се среќаваат Хибернијан и Мадервел, па затоа очекуваме да има погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.28)

- Оглас -

Најнови вести