После ремито против Борусија Дортмунд, екипата на Баерн Минхен им се врати на победите, но многу потешко од очекуваното, откако само со 4-2 го победи Хофенхајм на домашен терен.
Упамекано уште во 18-тата минута донесе водство за „баварците“, но домашните во првиот дел не успеаја да дојдат до поубедлива предност, па во 50-тата минута гостите дојдоа до израмнување преку Хоншак.
Новото водство го донесе фудбалерот кој го спаси Баерн Минхен од пораз против Борусија Дортмунд, Џамал Мусијала. Тој во 56-тата минута донесе водство од 2-1, а на 3-1 зголеми Горецка во 84-тата минута. Кога сите мислеа дека победата на Баерн Минхен е потврдена, Дорш во 86-тата минута намали на 3-2 и внесе неизвесност во финишот.
Нова победа забележа и актуелниот освојувач на двојната круна во Германија, Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ многу рано, со голови на Вирц во шесттата и на Тах во 21-вата минута ја најавија победата против Ст. Паули, со оглед на тоа дека гостите намалија во 84-тата минута, но беше се што успеаја да направат.
Победата на „баварците“ ја потврди Мусијала со неговиот втор гол на овој меч, кој го постигна во 91-вата минута.
Резултати:
Баер Леверкузен – Ст. Паули 2-1
Баерн Минхен – Хајденхајм 4-2
Бохум – Вердер Бремен 0-1
Ајнтрахт Франкфурт – Аугсбург 2-2
Холстен Кил – Лајпциг 0-2