Баерн ја доби голеадата со Јунајтед, автогол донесе победа за Елмас и Наполи против Брага (Видео)

Екипата на Баерн Минхен со ефикасни 4-3 го победи Манчестер јунајтед во дербито на првото коло од Лигата на шампионите. Сане, Гнабри, Кејн од пенал и Тел беа стрелци за Баварците, додека Хојлунд и двапати Касемиро беа стрелци на головите за Манчестер јунајтед.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот клуб Наполи со автогол во самиот финиш од мечот дојдоа до победа од 1-2 на гостувањето кај Брага. Емлас во игра влезе во 66-тата минута на местото на Кварацхелија.

Интер со голот на Лаутаро Мартинес во 87-мата минута се спаси од пораз на гостувањето кај Реал Сосиедад и одигра 1-1, а со истиот резултат заврши и мечот во Андалузија, помеѓу Севиља и Ленс.

Арсенал беше најубедлив вечерва и го совлада ПСВ Ајдховен со 4-0, додека најубедливата победа на гости ја забележа Салцбург, кој ја совлада Бенфика со 0-2.

- Оглас -

Најнови вести