Баерн ја „дроби“ Борусија како да игра против мали деца

Се најавува како дерби, но се додека не почне мечот. Кога играат Баерн и Борусија Дортмунд на „Алијанц Арена“ во Бундес лигата, веќе станува се јасно однапред. Домаќините убедливо ќе победат. Така е веќе неколку години по ред, така беше и вечерва. Баерн ја победи Борусија со убедливи 4:0.

Роберт Левандовски даде по еден гол во двете полувремиња, а кога треба, секогаш погодува и Гнабри за Баерн. На крајот, Хумелс си постигна автогол за нов дебакл на тимот од Дортмунд. Поразот од 4:0 и не  е толку чуден ако се знае дека минатата сезона Борусија на овој стадион загуби со 5:0, а една година претходно и со 6:0. Ако се соберат резултатите од последните шест сезони, Борусија во Минхен прими 24 гола, а даде само три и секогаш си оди поразена.

https://twitter.com/FCBayernEN/status/1192848025108013059

- Оглас -

Најнови вести