Баерн ја губи битката за потписот на Осимен?

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, е голема желба на раководството на Баерн Минхен и сè погласни се шпекулациите за неговата преселба во редовите на баварскиот клуб. Сепак, според последните информации, Нигериецот на Наполи веќе преговара со друг клуб, а тоа е ПСЖ, кој е спремен да ја плати сумата која ја бара Де Лаурентис, неверојатни 150 милиони евра.

Обесштетувањето може да биде голем проблем за Баерн Минхен, но според германските медиуми, доколу гордоста на Баварија сака квалитетно да се засили, тогаш ќе мора и да го одврзе ќесето и да ја плати бараната сума на Наполи.

Сепак, доколку Баерн не успее да го обезбеди потписот на Осимен, има алтернативи за навалната линија. Тука, пред сè, во преден план се Коло Муани и Расмус Хојлунд.

- Оглас -

Најнови вести