Баерн Минхен оствари убедлив триумф совладувајќи го Хофенхајм со 5-0 на „Алијанц арената“. Баварскиот тим сега повторно има четири бода предност на врвот на табелата пред Баер Леверкузен.
Лерој Сане го отвори резултатот, Гереиро зголеми на 2-0, а Хари Кејн реализира пенал за три гола позитива по првиот дел. Во второто полувреме погодија уште еднаш Лерој Сане и Серж Гнабри за конечни 5-0.
Штутгарт го победи Лајпциг со 2-1, а Елиф Елмас остана на клупата за резерви. Бењамин Шешко донесе водство за Лајпциг во десеттата минута, но Штутгарт направи пресврт во вториот дел со головите на Брун Ларсен и на Волтемаде.
Бохум го победи Сент Паули со 1-0, Вердер и Хејданхајм одиграа 3-3, а Аугсбург го победи Унион Берлин на гости со 0-2.