Баерн ја обои „Алијанц арена“ како виножито, премерлигашка ѕвезда призна дека е геј

Годинава беше одложена геј парадата која традиционално се одржува на Денот на Кристофер Стрит, но коронавирусот не ја спречи кампањата против хомофобијата, дискриминацијата, па Баерн Минхен сакаше да покаже дека е космополитски клуб и даде поддршка со тоа што надворешноста на „Алијанц арената“ блесна во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата и симбол за толеранција, почит и соработка. Поранешен претседател на Баерн (Анџело Кнор) кој раководеше со клубот во далечното минато, од 1906 до 1913 година, бил хомосексуалец.

Инаку, пристигна вест и дека ѕвезда на англиската Премиерлига испратил отворено писмо во кое тврди дека е геј. Фудбалерот сака да остане анонимен, бидејќи се плаши од реакциите доколку јавно открие дека е хомосексуалец. Тој напиша дека кога имал 19 години станал геј, но уште не е подготвен да им признае на соиграчите и тренерот за својата сексуална определба.

Прв британски фудбалер кој призна дека е хомосексуалец, беше Џастин Фашану, но осум години по признанието, во 1998 година, се самоуби.

 

- Оглас -

Најнови вести