18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Баерн ја подготви понудата која ќе го пресели Кејн во Минхен

Само неколку часа откако англиските медиуми објавија дека Кејн од утре ќе биде фудбалер на Баерн Минхен, германскиот тим ја подготви понудата која очекува да биде доволна за претседателот на Тотенхем, Даниел Леви да даде зелено светло за трансферот.

Клучната средба меѓу управите на двата тима ќе се одржи утре во Лондон, откако претходно Леви ја откажа средбата која беше закажана за средата, а новинарот Руди Галети ја откри сумата која Баерн ќе ја понуда.

Според новинарот, Баерн на маса ќе достави понуда тешка 105 милиони евра за Кејн.
Се очекува оваа понуда да биде прифатена бидејќи најмалата сума која Леви ја бараше за својот капитен беше 100 милиони евра.

Тотенхем ги одби првите две понуди на Баерн од 70 и 80 милиони евра.

https://twitter.com/mmarcelandreas/status/1685596082149928960?s=20

- Оглас -

Најнови вести