Три дерби-пресметки во Германија, Англија и Шпанија се најпривлечните натпревари овој викенд, а се дел од бесплатната понуда на Sport Life, Спортската прогноза. Само на 24 часа до почетокот на колото, типувачите веќе ги имаат своите фаворити.
Дури 75,67% од играчите на Спортската прогноза веруваат дека Баерн Минхен ќе го добие дербито против Баер Леверкузен во Бундеслигата, а малку помал е процентот за натпреварите од Премиер лигата и Ла Лигата.
Манчестер јунајтед има доверба од 59,52% од играчите на Спортската прогноза дека ќе го совлада Тотенхем, а 48,02% веруваат во победа на Реал во мадридското дерби против Атлетико на „Ванда Метрополитано“.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.