Раководството на германскиот гигант Баерн Минхен започна конкретни преговори за продолжување на договорот со англискиот репрезентативец Ерик Даер.
Понудата до дефанзивниот играч за врска е за уште една сезона, до 2026 година, тврди „Скај Германија“.
Преговорите сè уште не се финализирани, но двете страни имаат позитивен став и желба да го продолжат договорот.
Со своите солидни настапи во последните неколку кола, 31-годишниот фудбалер го променил ставот на управата и ја зголемил желбата на раководството на клубот да го задржи во составот и за следната сезона 2025/26.