Баерн ќе ја вклучи тинејџерската сензација од Бундеслигата во зделката за Флоријан Вирц

Баерн Минхен сериозно работи на посакуваниот трансфер на Флоријан Вирц и има неколку опции за тоа како да го осигура потписот на офанзивниот играч од средниот ред. Според германските медиуми, Баварците се подготвени да се разделат со еден од своите најголеми таленти за да склучат договор со Баер Леверкузен за Вирц.

Во Баерн се свесни дека „аспирините“ го ценат 18-годишниот Паул Ванер, кој моментно игра на позајмица во Хајденхајм. На „Алијанц Арена“ се подготвени да го понудат Ванер како дел од размена за Вирц и, се разбира, да додадат сериозна сума за трансферот.

Ванер има два гола од почетокот на сезоната во Бундеслигата и генерално остава одличен впечаток со своите настапи. Тој е внимателно следен и од Лајпциг.

Што се однесува до Флоријан Вирц, тој е согласен да прејде во Баерн, наместо во некој од гигантите во Англија или Шпанија, но раководството на Баер Леверкузен сака да избегне да ги зајакне директниот ривал.

- Оглас -

Најнови вести