Баерн ќе му понуди нов договор и на Лирој Сане

Раководството на Баерн Минхен не се откажало од Лирој Сане и можно е да му го продолжи договорот, пишуваат германските медиуми. Актуелниот договор на 28-годишниот германски репрезентативец истекува ова лето.

Преговорите меѓу двете страни се запрени во последните неколку недели, но ќе продолжат, според информациите од Германија. Во овој момент, приоритет за Баварците се Џамал Мусијала и Џошуа Кимих.

Ситуацијата не го загрижува Сане, кој останува спокоен и не планира трансфер во зимскиот преоден рок. Неговата желба е да остане во Баерн, каде што се чувствува одлично. Германскиот гигант му е прва опција и тој останува посветен на клубот.

Лирој Сане дојде во Баерн Минхен во летото 2020 година од Манчестер сити за 49 милиони евра. Има одиграно 179 натпревари за Баерн, постигнувајќи 49 гола и забележувајќи 50 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести