Раководството на Баерн Минхен подготвува нов договор за легендарниот голман Мануел Нојер, објави германскиот „Билд“. Иако се очекуваше оваа сезона да биде последна за 38-годишниот чувар на мрежата, изгледа дека тој ќе остане на „Алијанц Арена“ уште најмалку една година.
Нојер и понатаму блеска со својата форма и неодамна постави нов рекорд во Бундеслигата. Со триумфот на Баерн над Борусија Дортмунд, тој ја запиша својата 363-та победа во германското првенство, со што го надмина Томас Милер како играч со најмногу победи во историјата на лигата.
И покрај неговите одлични настапи, челниците на Баерн се свесни дека мора постепено да го планираат периодот по Нојер. Според информациите, следната сезона искусниот голман ќе добива помала минутажа, за сметка на младиот Јонас Урбиг, кој треба да стекне искуство на највисоко ниво. Идејата е Нојер постепено да ја преземе улогата на втор голман и ментор, што би овозможило поприроден премин во новата ера.
Баерн истовремено ќе мора да одлучи и за иднината на Александар Нубел и Даниел Перец, кои по завршувањето на тековните позајмици треба да се вратат во Минхен. Перец би можел да се врати уште во јануари, бидејќи во Хамбургер не добива доволно шанса за настап.