Баерн ќе победи на стадионот на кој минатиот пат прими четири гола во прво полувреме

1009 Њукасл – Манчестер сити (17.30 часот)

Њукасл и Манчестер сити не примија гол во првите две кола, но Сити има просек од три постигнати погодоци, за разлика од Чавките кои постигнаа вкупно два, или во просек еден по натпревар. Во минатата сезона, Манчестер сити победи на „Сент Џејмс парк“ со 4-0, а и на претходното гостување таму даде четири гола. Последната победа на Њукасл над Граѓаните беше во јануари 2019 година, затоа за домашните и реми би било премија.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.68)

 

1809 Бохум – Баерн (17.30 часот)

Тука гостите се апсолутни фаворити, чудо би било ако не победат. Баерн фуриозно тргна сезонава, после две кола има гол-разлика 8-1, а Бохум уште нема освоено бод, губеше во мечеви на кои даваше гол(ови). Горецка и Мусиала се повредени кај Баерн, но тоа нема да биде преголем хендикеп против ривал како Бохум. Баерн загуби со 2-4 на последното гостување во Бохум (Бохум сите четири гола ги даде во прво полувреме) во февруари годинава, и за Баварците ова е шанса за реванш.

Предлог тип: 2-2 & 3+ (1.73)

 

1360 Атлетико М. – Вилјареал (19.30 часот)

Двата тима се во форма, а сезоната во шпанската лига ја почнаа на ист начин, со победи од по 3-0. Мората е во одлична форма кај Атлетико, истото важи за Моралес кој летово го засили Вилјареал од Леванте. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со резултат 2-2. Јорганџиите дома не загубиле од февруари кога играа против Леванте на Моралес, додека Жолтата подморница во април го претрпе својот последен гостински пораз. Вилјареал пет години не победил во Мадрид против Атлетико.

Предлог тип: ГГ (1.88)

 

2839 Лил – ПСЖ (20.45 часот)

Лил добро тргна, освои четири бода во првите две кола во француската лига, но вечерва игра против моќниот ПСЖ кој постигна дури 10 гола во првите две рунди, на двата меча „пукна петарди“ во противничките мрежи. Нејмар е во феноменална форма, но тоа е проблем за атмосферата во тимот, бидејќи незадоволен е Мбапе, кој сака да биде главен. ПСЖ на последното гостување кај Лил победи со 5-1.

Предлог тип: Т2 1-3I&1-3 II (2.30)

 

3007 Аталанта – Милан (20.45 часот)

Аталанта и Милан во првото коло победуваа со по два гола разлика, па со оптимизам влегуваат во меѓусебниот двобој. Кај Милан повреден е само Ибрахимовиќ, Аталанта има повеќе кадровски проблеми. Ова се две фајтерски екипи кои ретко играат нерешено. Шокантно делува податокот дека Аталанта дома нема лигашка победа уште од февруари. Милан победуваше на последните две гостувања во Бергамо, тоа беа дуели играни во 2021 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести