Баерн ќе победи во Лондон, во Италија ќе има голови

Челзи – Баерн Минхен (21 ч.)

Многу проблеми имаат домаќините, но Челзи сигурно нема да се предаде. Лондонскиот тим сезонава ја започна со подмладен состав и ретко кој веруваше дека ќе има толку добри резултати, што значи дека и самиот влез во Топ 16 е успех за нив.

Баерн Минхен е многу поискусен состав за вакви средби и едноставно гостите треба да го искористат проблемот со повредени играчи на Челзи.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

Наполи – Барселона (21 ч.)

Нерешено речиси не доаѓа како опција за конечен резултат затоа што едноставно двете се екипи кои играат без калкулации. Наполи на последните 14 дуели има девет победи и пет порази, додека Барса е со седум триумфи и три порази во последните 10 одиграни дуели.

Овие екипи досега играле четирипати, а Барса има три победи, додека Наполи еднаш се радувал. Иако е меч од нокаут-фазата, тешко дека ќе има калкулации, но фаворитската улога е за гостите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

Кардиф – Нотингам (20:45 ч.)

Двете екипи се со надеж дека ќе стигнат до место кое води во плејофот за Премиер лигата. Кардиф е една од најдобрите екипи на домашен терен и има само еден пораз во 16 средби, но на гости му доаѓа Нотингам, кој во 17 дуели има само три порази на гости.

Во меѓусебните дуели Кардиф е многу подобар и има девет победи во последните 10 средби против Нотингам, кој се нема израдувано во дуел со овој ривал од 2012 година.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

КПР – Дерби (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои се на средината на табелата и не се ниту во борба за Премиер лигата, но ниту за испаѓање. Дерби е очаен на гости и во 16 меча има само две победи. КПР е тимот кој ја има втората најлоша одбрана, но има и добар напад. Во 34 меча на КПР, гол-разликата е 51 даден и 58 примени гола, што е просек повеќе од три погодоци на меч.

Неверојатно звучи дека последните 11 меча на овие два тима биле со 0-2 гола, што значи дека е време традицијата да заврши, посебно ако се знае дека сезонава играат офанзивно.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

Блекпул – Болтон (20:45 ч.)

Болтон е закован на дното само со 11 бода, но факт е дека тимот сезоната ја започна со минус од осум бодови, инаку сега ќе имаше 23 бода и ќе се бореше за опстанок. Блекпул само благодарение на добрите игри на свој терен, сега е во посигурниот дел од табелата и не треба да има проблем да го победи тимот кој има 12 порази во 14 гостувања сезонава.

Традицијата вели дека може да нема многу голови затоа што на шест од последните осум меѓусебни средби завршиле со 0-2 голови.

Предлог тип: 1&0-3 (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести