15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Баерн ќе тренира на три различни терени за да се избегне заразата

Германското првенство сигурно нема да почне пред почетокот на мај, но и покрај тоа, челниците на германскиот првак Баерн Минхен велат дека тимот е подготвен да се врати на тренинзите. Според пишувањата на „Кикер“, се чека само потврда од градските власти, па играчите на Баерн повторно да бидат во тренажен процес.

Се очекува Баерн да се врати на тренинг на почетокот на следната недела, а постои и план како да се заштитат од опасниот Коронавирус. Играчите би биле разделени на три различни терени и на еден терен нема да има повеќе од четворица фудбалери.

По 25 одиграни меча во Биундеслигата, Баерн е лидер со 55 бодови, четири повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, додека Лајпциг е на третото место со 50 бодови. Баварскиот гигант е доминантен во Германија и седум години по ред е шампион, а сезонава доколку успее да го одбрани тронот, тоа ќе биде 30-та јубилејна титула во витрините на тимот од Минхен.

- Оглас -

Најнови вести