Баерн конечно на врвот, Халанд нема милост кон бундеслигашите (видео)

Баерн Минхен со триумфот од 3-1 на гостувањето кај Мајнц се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата. Баварците ќе стојат на првото место до дуелот меѓу Лајпциг и Менхенгладбах, кој е закажан за денес во 18:30 часот.

Избраниците на Флик експресно ја завршија работата во обидот да ги освојат трите бода, бидејќи имаа водство од три гола веќе по 26 минути игра. Левандовски и Милер до 14-тата минута реализираа по еден погодок, а Тијаго зголеми на 3-0 во 26-тата минута. Почесниот гол за домаќините го постигна Сент Џуст на истекот од регуларните 45 минути во првиот дел.

Баерн сега има 42 бода, два повеќе од Лајпциг, додека Мајнц го претрпе 14-от овосезонски пораз и стои на 15-тото место со 18 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=RlAmmQItt18&feature=youtu.be

Борусија Дортмунд со 5-0 го нокаутира Унион Берлин, а пред Жолтиот ѕид повторно блескаше норвешката сензација Ерлинг Халанд. Младиот голгетер на Милионерите реализира два од петте гола во 18-тата и 76-тата минута, додека во меѓувреме во листата стрелци се запишаа Санчо, Ројс и Витцел. Халанд сега брои седум гола на само три лигашки натпревари во дресот на Дортмунд.

Дортмунд застана на третото место со оваа победа со 39 бода, еден повеќе од Менхенгладбах, додека Унион претрпе пад до 12-тото место останувајќи на 23 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=3vS0Kj5JEmg&feature=youtu.be

Останати резултати од 20-тото коло во Бундеслигата:

Аугзбург 2-1 Вердер Бремен, Фортуна Дизелдорф 1-1 Ајнтрахт Франкфурт, Хофенхајм 2-1 Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести