Баерн конечно победи во 2023 година (Видео)

Германскиот шампион Баерн Минхен конечно ја оствари првата победа во Новата година откако вечерва со 0:4 славеше на гостувањето кај Мајнц, во рамките на осминафиналето во Купот на Германија.

До овој дуел, Баерн во 2023 година одигра четири натпревари, три во Бундеслигата, кои завршија со идентичен резултат 1:1, и тоа против Лајпциг, Келн и Ајнтрахт, а ремизира и со Салцбург во пријателскиот дуел (4:4).

https://twitter.com/i/status/1620875984475160577

https://twitter.com/i/status/1620879476715560960

Победата ја најави Ерик Чупо-Мотинг со голот во 17-тата минута по асистенцијата на најновото засилување, Жоао Кансело. До крајот на првиот дел, Баварците постигнаа уште два гола, преку Џамал Мусијала и Лерој Сане, а точка на средбата стави Алфонсо Дејвис со голот во 83-тата минута.

https://twitter.com/i/status/1620896920469393409

- Оглас -

Најнови вести