Баерн лани со овој судија победи во финалето од ЛШ

Даниеле Орсато е италијанскиот судија кој ќе ја дели правдата на денешното дерби во Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Овој арбитер беше на центарот во ланското финале во ЛШ, кога играа токму денешните ривали. Во финалето, Баерн победи минимално со 1:0 и стигна до европската титула.

Овој судија досега четирипати ја делел правдата на мечеви на коишто играл Баерн Минхен во ЛШ. Освен победата во ланското финале, баварскиот гигант има и победи против Бенфика (5:1 во 2018 година) и триумф кај Севилја (2:1 во 2018 година), додека единствениот пораз е од Ливерпул во 2019 година со 1:3.

 

- Оглас -

Најнови вести