Баерн Минхен алтернативата за Вирц ја пронајде во Премиер лигата?!

Веќе е јасно дека Баерн Минхен нема да го ангажира Флоријан Вирц, кој е прескапа опција за нив, а и самиот фудбалер потврди дека негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата и екипата на Ливерпул.

Сепак, алтернативата во редовите на Баварците ќе дојде токму од англиското првенство, а раководството на клубот планира да го купи фудбалерот на Кристал палас, Еберечи Езе. Дваесет и шестгодишниот репрезентативец на Англија со нигериско потекло одигра одлична сезона, а договорот му истекува во 2027 година.

Освојувачот на англискиот ФА куп сигурно ќе сака да заработи на неговиот трансфер, па и во нивните редови има расположение за продажба, а моменталната вредност на Езе изнесува 55 милиони евра, што е многу помалку од оние 150 милиони евра кои ги бараше Баер Леверкузен за Флоријан Вирц.

- Оглас -

Најнови вести