Баерн Минхен даде 300.000 евра за да го доведе еден од најголемите таленти во Германија

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен денеска направи еден необичен договор. Баварскиот гигант потроши 300.000 евра за да го доведе 13-годишниот талентиран фудбалер Мајк Висдом.

Се работи за тинејџер кој доаѓа од школата на Борусија Менхенгладбах и за кого се интересираше и Борусија Дортмунд. Иако Милионерите беа пред потпис со Висдом, Баерн Минхен успеа да го „украде“ талентот.

Висдом, кој во септември ќе наполни 14 години игра како напаѓач, шутира со двете нозе, а неверојатно е опасен во ситуација „еден на еден“.

- Оглас -

Најнови вести