Баерн Минхен даде шест гола, но промашувањето на Милер е хит (Видео)

Баерн Минхен со убедливи 6:1 ја отвори новата сезона во германското првенство и тоа на гости кај Ајнтрахт Франкфурт. Дури пет погодоци баварците постигнаа во првото полувреме, а оваа бројка можеше да биде и поголема, доколку Томас Милер реализираше од позиција од која е потешко да се промаши.

При резултат 2:0 за Баерн, гостите направија одличен контра напад. Мане го проигра Гнабри кои излезе сам во контра, а Милер трчаше по средината. Двајцата беа сами пред домашниот голман, но Гнабри малку задоцни во додавањето, Милер истрча премногу напред, па наместо лесен погодок, ја погоди стативата, а потоа опасноста беше отстранета.

Промашувањето на Милер може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести