Баерн Минхен е главниот тест за шампионските амбиции на ПСЖ

6007 Тотенхем – Милан (21.00 часот)

Тотенхем се наоѓа во мини криза, загуби на последните два натпревари, од Вулверхемптон (1:0) во Премиер лигата и од Шефилд јунајтед (1:0) во ФА Купот. Пораз на последниот натпревар доживеа и Милан во Серија А и тоа од Фиорентина (2:1). Првиот осминафинален дуел заврши со минимален триумф на Милан, а вечера благ фаворит е Тотенхем кој изненадувачки има подобри резултати во европските купови во последните години од седумкратниот европски шампион.

Кога станува збор за дерби дуели на домашен терен, Тотенхем вообичаено излегува како победник и во последните три недели ги совлада и Челси (2:0) и Манчестер сити (1:0) и токму поради тоа, Петлите имаат поголеми шанси да слават вечерва.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.45)

 

6008 Баерн Минхен – ПСЖ (21.00 часот)

ПСЖ вечерва го игра натпреварот на сезоната, на „Алијанц арената“ во Минхен ќе брка негатива од 0:1 од првиот натпревар. Светците ќе бидат ослабени со неиграњето на Нејмар за кого заврши сезоната, но дел од фудбалските легенди сметаат дека тимот е подобар без Бразилецот на теренот.

Но, Мбапе се врати од повредата и изминатиот викенд ги одигра сите 90 минути во Лига 1 притиа постигнувајќи гол со кој стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Баерн Минхен секоја година е еден од главните фаворити за титулата во ЛШ, тие славеа на најважниот натпревар против Светците, пред три години во финалето на ЛШ.

Предност за Баерн е тоа што и нерешен резултат го носи во четвртфиналето на елитното натпреварување и поради тоа се очекува натпревар со голови во кој иницијатицата ќе ја има ПСЖ.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2.35)

 

3138 Партизан – Колубара (18.30 часот)

Партизан за само една недела, расипа се што правеше добро изминатиот период и денеска има шанса да се врати на победничките патеки во српскиот шампионат. Црно-белите пред две недели загубија на домашен терен од Шериф во Лигата на конференции и тоа пред своите гледачи, што значеше заминување на тренерот Гордан Петриќ.

Во петокот Партизан беше поразен во вечното дерби од Црвена звезда со 1:0. Поразот на Партизан го искористи Чукарички да се израмни со Црно-белите на второто место на табелата и поради тоа победата е повеќе од потребна за Црно-белите на денешниот натпревар.

Предлог тип: 1-1 & 0-4 (1.93)

 

1975 Атромитос – АЕК Атина (16.30 часот)

Атромитос и АЕК Атина денеска го играат заостанатиот натпревар од 21-то коло во грчкиот шампионат, во кој влогот е лидерска позиција. АЕК игра одлично сезонава и со евентуален триумф ќе го прескокне Панатинаикос на првото место на табелата. На последните четири меѓусебни средби славеше АЕК Атина, и на ниту еден од нив не беа постигнати повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.07)

 

1241 Селтик – Хартс (20.45 часот)

Вечерва во шкотската Премиер лига меѓу себе играат четирите најдобри екипи, лидерот Селтик пред своите гледачи на „Селтик парк“го пречекува третопласираниот Хартс. Селтикс има девет бода повеќе од Ренџерс кој е втор, и дури 31 бод повеќе од вечерашниот противник. Селтик славеше на последните пет меѓусебни дуели во Премиер лигата, а последен пат кога на домашен терен не го победил Хартс било во 2015 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.67)

- Оглас -

Најнови вести