Баерн Минхен е подготвен да направи радикален потег

Баерн Минхен веќе 10 години доминира во германското првенство, но имаше многу среќа минатата сезона кога во последното коло ја освои титулата и тоа откако Борусија Дортмунд дома киксираше против Мајнц и одигра нерешено. И оваа сезона на Баерн не му оди најдобро, па моментално е втор на табелата со четири бода зад Баер Леверкузен.

Токму затоа, челниците на Баерн најавиле дека на крајот од сезоната речиси сите фудбалери ќе мора да одат на разговор и тогаш да се одлучува дали ќе останат во клубот или ќе треба да си заминат, пишува весникот Кикер.

Само тројца се сигурни дека нивната во Баерн Минхен е обезбедена, а тоа се голманот Мануел Нојер, докажаниот Томас Милер и голгетерот Хари Кејн.

„Секој играч освен Нојер, Милер и Кејн, на крајот од сезоната ќе одат на разговор со челниците на клубот и секој од нив ќе добие оценка. Таму ќе бидат и некои истакнати имиња. Нема да биде изненадување, ако некои играчи не добијат задоволителна оценка“, тврди Кикер.

Освен што не е лидер во Бундеслигата, Баерн веќе е елиминиран и во Купот на Германија, а во Лигата на шампиони одигра одлично во групната фаза, а следен нивни предизвик ќе биде двомечот против Лацио.

 

- Оглас -

Најнови вести