Нико Вилијамс повторно ќе биде во фокусот на европските гиганти откако германските медиуми објавија дека Баерн Минхен е заинтересиран за неговите услуги. Фудбалерот на Атлетик Билбао минатото лето беше пред трансфер во Барселона, но финанските проблеми на Каталонците не дозволија конечна реализација, па Нико Вилијамс остана во Баскија.
Тој со Атлетико има договор до 2027 година, а моменталната вредност му се проценува на 70 милиони евра, сума која Баварците се подготвени да ја платат, но сè ќе зависи дали ќе бидат продолжени договорите со Гнабри, Сане и Коман.