Баерн Минхен е првак во хуманоста! Баварците воодушевија со нов сјаен потег

Баерн Минхен, најдобриот германски клуб и гигант во светски рамки, знае како треба да се однесува и во ова невреме создадено од Коронавирусот. Баварскиот гигант се однесува во рамките на својата репутација за време на пандемијата од опасниот вирус.

Први воодушевија младите ѕвезди Леон Горецка и Џошуа Кимих, кои заедно донираа еден милион евра во борбата против Коронавирусот, а потоа ист износ на пари донираше и еден од најдобрите голгетери на денешницата Роберт Левандовски.

Последниот потег со кој фудбалерите на Баерн воодушевија е нивната одлука да се откажат од 20 отсто од платите и тоа да биде во корист на останатите вработени во клубот. Поради неактивноста и немањето фудбал, сите фудбалски клубови секојдневно остануваат без значителна сума на финансии, но фудбалерите на Баерн решија за да нема никакво кратење на платите на останатите вработени, едноставно да се откажат од 20 отсто од нивните плати за овој период во кои не играат.

- Оглас -

Најнови вести