6013 Баерн Минхен – Барселона (21:00 часот)
Баерн Минхен е сигрно првопласиран во групата Е, и овој меч нема никакво резултатско значење.
Но, средбата за нив е важна од друг аспект. Роберт Левандовски остана покус за Златната топка и тоа откако изгуби од Лионел Меси, со настапите во Барселона и Аргентина.
Вистината е таа дека Баерн е друга димензија за Барселона во моментов, а тренерот Нагелсман најави дека на теренот ќе истрчаат најдобрите фудбалери што ги има на располагање, а тоа би можело да значи и нова катастрофа на каталонскиот тим.
Предлог тип: 1 и 3+ (1.90)
6016 Аталанта – Вилјареал (21:00 часот)
Шпанскиот претставник во моментов се наоѓа на позицијата под број два и има само еден бод повеќе од тимот од Бергамо.
Аталанта е позната по својот офанзивен фудбал па затоа вечерва очекуваме атак кон противничкиот гол уште од првата минута.
Ова е дефинитивно еден од највозбудливите и најпривлечните натпревари за гледање, бидејќи се очекува голем број на голови а со тоа и возбудувања.
Предлог тип: Т1 2+ (1.60)
6011 Манчестер јунајтед – Јанг Бојс (21:00 часот)
Гостите се без шанси за да одат понатаму, а воедно тие се минимални и за во пролетниот дел да ги гледаме во Европа лигата.
Во секој случај, тие без резултатски притисок ќе истрчаат на Олд Трафорд, а истото може да се каже и за Манчестер јунајтед, чии играчи ќе се обидат да го импресионираат новиот тренер Ралф Рагнарик.
Идентично како и вчера на средбата Ајакс – Спортинг Лисабон, и тука предвидуваме дека ќе има најмалку четири голови.
Предлог тип: 4+ (2.30)
3141 Ријека – Осијек (Прва лига Хрватска, 17:00 часот)
Во Хрватска се игра еден заостанат натпревар и тоа е големото дерби меѓу двете првопласирани екипи.
Дарко Велковски и Ријека ќе се обидат да дојдат до важни три бода и да направат убава предност од четири бода над денешниот ривал.
Сепак и Осијек има свои квалитети кои никако не смеат да се потценат, а ако се гледа нивниот сегашен квалитет, а не минатите резултати, тогаш и двата тима ќе постигнат по најмалку еден гол, а ние сметаме дека воедно ќе има 3+ на оваа средба.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.11)
1034 Виган – Шрузбери (Лига 1 Англија, 20:45 часот)
Виган конечно, изгледа како конкурентен тим подготвен да се врати на старите патеки.
Секако дека на почеток за тоа би било враќање во Чемпионшип лигата, а според досегашните резултати тоа изгледа навистина достижно.
Но, ова е само почеток на сезоната, а некогашниот Премиерлигаш се надева дека ќе продолжи со победите и вечерва, каде што имаат противник за мерак.
Додека Виган е на четвртото место и само една победа го дели од првото, Шрузбери е во долниот дел на табелата со само 19 бода и нивна главна цел ќе биде опстанокот.
Последната средба која овие две екипи ја одиграа пред еден месец во рамките на ЕФЛ трофеј купот заврши со 2:0 за Виган, резултат кој се надеваме дека ќе се повтори и вечерва.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.05)