Баерн Минхен „фрли око“ на Виктор Осимен, веднаш се вклучи уште еден гигант

Германскиот првак Баерн Минхен сериозно размислува во своите редови да го доведе голгетерот на Галатасарај, Виктор Осимен. Тренерот на Баварците, Венсан Компани, вели дека ја следи кариерата на Осимен уште од времето кога тој играше во Белгија за тимот на Шарлроа.

Засега Баерн Минхен нема никаква потреба од класичен голгетер затоа што во нападот го имаат Хари Кејн кој блеска. Искусниот 32-годишен Кејн сезонава постигна 45 гола во 37 меча во сите натпреварувања. Актуелниот договор на Кејн со Баерн е до јуни 2027 година.

Осимен игра одлично во Галатасарај. Во вкупно 65 меча на коишто играл, голгетерот има биланс од 53 гола и 13 асистенции, што значи дека во просек на секој меч директно учествува во постигнување на еден погодок. Осимен има долгорочен договор со Галатасарај до 2029 година, но ако продолжи со блескави игри, турскиот гигант ќе има голема мака да го задржи голгетерот во градот на Босфорот.

Освен Баерн, шпекулации има дека и Пари Сен Жермен ги следи настапите на репрезентативецот на Нигерија.

- Оглас -

Најнови вести