17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Баерн Минхен ги претстави првите двајца нови фудбалери за ова лето

Екипата на Баерн Минхен ги претстави приве двајца нови фудбалери за ова лето. Се работи за млади фудбалери, кои треба да бидат идните ѕвезди на „баварците“. И двајцата доаѓаат од екипата на Унтерахинг, која настапува во Третата лига, а иако не се откриваат детали, сепак се шпекулира дека обесштетувањето е милионско.

Нови фудбалери на Баерн Минхен се 18-годишниот Маурис Кратенмахер и 16-годишниот Гибсон Нана Аду, и двајцата играат се напаѓачи.

Според информациите кои ги пренесуваат германските медиуми, Нана Аду останува и понатаму во Унтерахинг, но само како позајмен фудбалер, додека Кратенмахер ќе биде испратен на позајмица во екипата на Улм, која исто така се натпреварува во третиот ранг.

Кратенмахер веќе има 51 настап за сениорската екипа на третолигашот, а е стандарден член на репрезентацијата на Германија за фудбалери до 19 години. Нана Аду има 10 сениорски настапи и е најмладиот фудбалер кој настапил на меч во Третата лига, но и најмладиот стрелец во историјата на првенството.

- Оглас -

Најнови вести